Пациент од Израел поднел тужба против болницата во која се оперирал, откако се разбудил во текот на неговата операција.
Иако пациентот бил под целосна анестезија, тој се разбудил во текот на операцијата. “Ги видов своите раце и нозе на операционата маса. Реков, “Докторе, јас сум во ваши раце и почнав да викам од болка “, изјавил неименуваниот пациентот.
Лекарите и анестезиолозите се обиделе да го смират со локална анестезија, но тоа не им помогнало, со што пациентот продолжил да се мачи во силни боилки, пренесува РТЛ.
Откако завршила операцијата било утврдено дека лекарот на несреќниот пациент му дал мала доза на анестетик.