Пакистан: Во напад на патнички автобус 13 мртви

26 април, 20110
rre
Најмалку 13 лица се убиени, меѓу кои и жени и деца, во вчерашен вооружен напад на патнички автобус на југозападот на Пакистан, соопштиле тамошни надлежни лица.
Нападот се случил вчеравечер во градот Сиби, оддалечен 180 километри југозападно од Кета, главниот град на Балуџистан, провинција на границата со Иран и Авганистан.
Балуџистан е често упориште на нападите на Талибанците и Ал Каеда, но овој регион богат со присроден гас често пати е цел на сепаратисти кои извршуваат бомбашки напади.
Напад се случил и во Карачи, приморски град на југот на Пакистан, каде одекнале две експлозии чија цел биле два автобуси со пакистански војници,  во кои едно лице го загубило животот, а 17 се ранети.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi