Пангалос: Грчкиот сосед може слободно да го користи името Македонија

21 март, 20110
ttttt
Проблемот со името е катастрофа од самиот почеток и на грчкиот сосед мора да му се дозволи да се нарекува како што сака.
Оваа своевремено му го рекол грчкиот вице-премиер, Теодорос Пангалос, на амбасадорот на САД во Грција, објави Викиликс, пренесува Нетпрес.
Според доверливата дипломатската преписка, Пангалос средбата со американскиот амбасадор во Грција, Даниел Спекхард, ја имал во февруари 2008 година. Во извештајот до Стејт Департментот, кој Спекхард потоа го испратил од Атина, било наведено оти Пангалос рекол дека на Грција ќе и биде чест ако Скопје сака да го користи терминот Македонија како име за својата држава, како и дека ќе може тоа слободно да го прави. Грчкиот политичар го опишал како апсурден стравот на неговата земја оти дека Македонија има територијални претензии. Потоа ја обвинил грчката политичка десница, за која рекол дека стравот ја држи уште од граѓанската војна во Грција, и сеуште е загрижена дека комунистите ќе влезат во Грција преку словенските земји.

Инаку, Теодорос Пангалос, е еден од најугледните и водечки членови на владејачката партија ПАСОК. Тој моментно во грчката влада ја обавува функцијата вице-премиер, задолжен за координација на владиниот Совет за надворешни работи и одбрана и новоформираниот Комитет за економска и социјална политика.

Инаку, Пангалос, кој е внук на грчкиот генерал диктатор од 1926 година по кого и е крстен, е многу котнроверзна личност во грчката политика, познат по неговиот колоритно-вулгарен и насилен политички вокабулар. Тој својата политичка кариера ја започнал во Комунистичката партија на Грција и станал член на нејзиниот Централен комитет, а потоа за време на т.н. Метаполитефси период, по падот на грчката воена хунта која владеела со земјата од 1967 до 1974 година, преминал во Панхеленското социјалистичко движење-ПАСОК. Прв пат пратеник станал во 1981 година и оттогаш постојано е реизбиран во парламентот. Во 1996 година станува министер за надворшени работи и на таа функција е до 1999 година, кога си поднесува оставка поради скандалот со курдскиот лидер Абдула Очалан. Наводно припадници на грчкото разузнување му помогнале на Очалан да влезе во Грција илегално, од каде се префрлил во Кенија, каде беше фатен од турски агенти, веднаш штом ја напуштил грчката амбасада во Најроби.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi