Парис Хилтон очајнички сака да биде поканета на кралската венчавка
21 март, 20110

Еве уште еден пример кој потврдува дека парите не го овозможуваат сè она што ќе го посакаме. Парис Хилтон, веќе подолго време се обидува преку своите влијателни пријатели да добие покана за кралската венчавка, но неуспешно. Навикната да биде дел од секоја голема манифестација овој пат се чувствува поразено, изјавил нејзин близок.
Прашање е дали воопшто ќе ја добие поканата по нејзината изјава пред неколку години кога изјави: Вилијам е добро парче, би почнала да излегувам со него само да ја “шутне” онаа девојка која личи на глушец.