Парис Хилтон отвори продавница за чанти во Манила! Па нема “де” да отвори библиотека :)?!
19 август, 20110
Парис Хилтон вчера делеше автограми, банкежи и прегратки на отворањето на новата продавница за чанти во Манила, Филипини.
Богатата наследничка ја отвори најновата продавница од нејзиниот бренд Paris Hilton Handbags and Accessories, која е четврта по ред во оваа островска земја. Фановите, локалните славни личности и новинарите беа особено воодушевени кога Парис Хилтон им се обрати на локалниот тагалошки дијалект.
„Планирам да се вратам наскоро бидејќи овде ми е многу убаво. Ве сакам“, изјави познатата џетсетерка.
Иако на патот кон Филипини ги изгуби двата мобилни телефони, Парис си беше весела и шармантна како и секогаш. Браво бе Парис, навистина си била одлична бизнисменка 🙂