Партизан – Работнички 5:1
Дијара 1′, Шќеповиќ 25′, Марковиќ 53′, Јованчиќ 63′, 71′ – Велкоски 38′
Фудбалерите на Работнички, во пријателски тренинг меч нагости кај белградски Партизан загубија убедливо од српскиот шампион. Мечот се одигра без присуство на публика, а според договорот меѓу тренерите се играше четири пати по дваесет минути.
Серијата погодоци за црно-белите ја отвори Дијара, веќе по триесетина секунди игра. Партизан доминираше во текот на целиот меч и покрај постигнатите пет погодоци, пропушти барем уште толку изгледни можности, но шансите да се впишат меѓу стрелците ги искористија Шќеповиќ, младинецот Марковиќ и новајлијата во белградскиот тим Јованчиќ (два пати). Почесниот погодок за македонскиот прволигаш беше дело на Велковски, кој по долгиот пас влета по левата страна во казнениот простор и по земја го погоди спротивниот агол,а топката од дирекот се одби во мрежата.
Партизан: Стојковиќ, Аксентијевиќ, Волков, Оташевиќ, Станковиќ, Марковиќ, Бабовиќ, Илич Саша, Нинковиќ, Дијара, Шќеповиќ.
Работнички: 1 Димитријевски, 29 Лазаревски, 2 Брдаревски, 26 Ќумбев, 23 Стојанов, 9 Гроздановски, 11 Вујичиќ, 7 Тодоровски, 17 Петровиќ, 18 Скендеровиќ, 8 Велкоски.
Клупа: 90 Шишковски, 22 Глигоров, 16 Мицевски, 5 Богдановиќ, 20 Петковиќ, 6 Мишевски, 13 Трајковски.