Партизан пресилен за Работнички

20 јуни, 20110
rabotnicki_naslovna

Партизан – Работнички 5:1
Дијара 1′, Шќеповиќ 25′, Марковиќ 53′, Јованчиќ 63′, 71′ – Велкоски 38′

Фудбалерите на Работнички, во пријателски тренинг меч нагости кај белградски Партизан загубија убедливо од српскиот шампион. Мечот се одигра без присуство на публика, а според договорот меѓу тренерите се играше четири пати по дваесет минути.

Серијата погодоци за црно-белите ја отвори Дијара, веќе по триесетина секунди игра. Партизан доминираше во текот на целиот меч и покрај постигнатите пет погодоци, пропушти барем уште толку изгледни можности, но шансите да се впишат меѓу стрелците ги искористија Шќеповиќ, младинецот Марковиќ и новајлијата во белградскиот тим Јованчиќ (два пати). Почесниот погодок за македонскиот прволигаш беше дело на Велковски, кој по долгиот пас влета по левата страна во казнениот простор и по земја го погоди спротивниот агол,а топката од дирекот се одби во мрежата.

Партизан: Стојковиќ, Аксентијевиќ, Волков, Оташевиќ, Станковиќ, Марковиќ, Бабовиќ, Илич Саша, Нинковиќ, Дијара, Шќеповиќ.

Работнички: 1 Димитријевски, 29 Лазаревски, 2 Брдаревски, 26 Ќумбев, 23 Стојанов, 9 Гроздановски, 11 Вујичиќ, 7  Тодоровски, 17 Петровиќ, 18 Скендеровиќ, 8 Велкоски.

Клупа: 90 Шишковски, 22 Глигоров, 16 Мицевски, 5 Богдановиќ, 20 Петковиќ, 6 Мишевски, 13 Трајковски.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber