Пестицидите го намалуваат коефициентот на интелегенција

6 мај, 20110
girl_eating_apple_over_white_hi

Претераната изложеност на пестициди, бидејќи мајката јаде специјално третирани јаболки или салата, може да го намали коефицинетот на интелегенција на децата, покажала една студија објавена во списанието Environmental Health Perspectives.

Изложувањето дури и на ниски нивоа на пестициди и органофосфати во текот на бременоста може да влијаат на намалување на коефициентот на интелигенција кај децата.

Органофосфатите се невротоксини кои во големи дози може да влијаат на развојот на мозокот. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека дури и просечната количина и концентрација на пестицидите пронајдена во крвта на мајката за време на бременоста, резултира со слаби резултати на работна меморија, брзина на извршување на задачите, говорните способности.  И научцниците од Медицинското училиште Mount Sinai во Њу Јорк дошле до слични резултати. Вкупното ниво на фосфатите, метаболиитите оргаснофосфати, во урината на трудниците ја поврзале со слабиот ментален развој на нивните деца на возраст од 12 месеци. На Универзитетот во Колумбија Virginia Rauh,, спроведена е студија каде изложувањето на  пестидицот Chlorpyrifos за време на бременоста може да го смали коефициентот на интелегенција кај децата на возраст од три години.

Поради резултатите од овие студии, научниците објавиле листа на 12 намирници кој содржат големо количество пестициди. Тоа се праски, јаболки, слатките пиперки, целер, нектарини, јагоди, цреши, зелена салата, грозје, круши, спанаќ и компир. Овие намирници треба да се купуваат од органско потекло.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *