Пет години од смртта на Слободан Милошевиќ

11 март, 20110
input02e

Денес се навршуваат пет години од смртта на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија и поранешен хашки притвореник, Слободан Милошевиќ. Милошевиќ почина од инфаркт во својата ќелија во Хашкиот трибунал по судењето за воени и злосторства против човештвото во Косово и Хрватска и за геноцид во Босна и Херцеговина. Поради тоа што градските и државните власти не му дозволија на семејството и високите функционери на Социјалистичката партија на Србија Милошевиќ да се погреба во Белград, тој беше погребан во дворот на семејната куќа на својата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац. На денот на одбележувањето на петгодишнината на смртта на својот брат, Борислав Милошевиќ, изјавил дека денес нема да се појави на гробот на својот брат. Годишнината од смртта на својот брат тој ќе ја одбележи во Москва каде долги години живее и работи, каде, како што вели тој, голем број на Руси и денес со почит го изговараат името на неговиот брат.
Тој изјавил дека Милошевиќ бил убиен во Хаг, и дека таму воопшто не се грижеле за него, нагласувајќи дека ниту еднаш не му биле проверени крвните садови. “Една година пред смртта, таму беше тим од лекари составен од руски и француски експерти, лекар од Србија кој побараа итна хоспитализација. Не му дозволија да се лекува во Русија, иако за тоа постоеја и медицински и државни услови, бидејќи руската влада даде согласност да се лекува таму. Зарем тоа не е убиство?!“, изјавил Борислав Милошевиќ. Во својата изјава тој истакнал дека оние кои извршиле агресија против Југославија, Клинтон, Солана, на нив ќе им судела историјата, потенцирајќи го Хашкиот трибунал како најголемо зло.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi