Adrian Green е пет годишно момче на кое му било дијагностицирано рак. Неговото семејство било немоќно да го плати лекувањето, па момчето се решило да ги продаде своите 3000 цртежи. Од продажбата момчето успеало да собере 30.000 долари, кои ќе му бидат од помош за лекувањето.
Шанските за негово закрепнување се големи по операцијата. Green изјавил дека кога би бил лик од цртан филм, би сакал да биде зелен гоблин кој лета наоколу и фрла бомби од тиква.