Британската полиција вчера уапсила пет лица во близина на нуклеарната електрана “Селафилд“, поради сомнение од терористички напад, пишува хрватски “Дневник“, пренесува НетПрес.
Апсењето се случило откако премиерот Дејвид Камерон ја повика Велика Британија на претпазливост заради можни напади како одмазда за убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.
Полицијата известила дека лицата биле на околу дваесеттина години, а биле уапсени откако полициски службеници го запреле возилото заради преглед.
Момчињата ја поминале ноќта во притвор на северозападот на Англија, од каде биле преместени во Манчестер.
Истрагата ја води британската антитерористичка полиција.
Извор: Нетпрес