Пет причини за непријатна миризба

7 јуни, 20110
smell460

Можеби ви се случило до сега да се истуширате, намачкате со креми, да измиете заби, а повторно да не мирисате убаво. Еве неколку необични причини зошто е тоа така:

1.  Бришење по туширање. Многу е важно по туширањето убаво да се избришете. Особено помеѓу некои делови од телото, каде поради влага може да дојде до непријатна миризба. Така следниот пат обрнете внимание на детално бришење под пазувите, под градите и меѓу прстите на нозете.

2.  Зачини и влакна. Кари, лук, зачини… не се виновници само за лошиот здив, туку и за лошиот мирис на целата кожа на телото. Освен тоа, тие предизвикуваат и гасови.

3.  Миење заби. Не сте ја завршиле работата, доколку ги измиете само забите. За да имате свеж здив потребно е да го измиете и јазикот со четката, како би ги тргнале бактериите и од јазикот.

4.  Спиење со отворена уста. Доколку спиете со отворена уста, тоа допринесува за сушење на усната шуплина и можност за развој на многу бактерии, што на крајот резултира со лош здив.

5.  Пребрзо јадење. Доколку јадете брзо, голтате многу повеќе воздух, што е причина да подждригнувате, а со тоа да изпуштате мирис од храната која сте ја јаделе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi