Планетата може да “собере“ десет милијарди луѓе

20 мај, 20110
earth
Во 20-от век светската популација се зголеми за скоро 300 отсто, додека во истиот период приходите пораснале за 400 отсто. Корелацијата помеѓу растот на популацијата и растот на приходи може да бележи континуиран пораст се’ до крајот на овој век, пишува бугарски “Днес“, пренесува НетПрес.
Краткорочните проекции за раст на популацијата се сосема точни, во однос на плодноста и морталитетот во текот на следните неколку години, најчесто се одредува од тековната дистрибуција на луѓе во различни старосни групи.
Истовремено, прогнозите за растот на населението во текот на следните 50 години не се релевантни бидејќи постојат потешкотии во прогнозирање на промени во стапката на плодност за долг временски период и помал степен на морталитет.
На пример, не може да се смета за сериозно точна прогнозата на Обединетите нации дека светската популација ќе достигне десет милијарди луѓе до крајот на векот. Причина за тоа е претпоставката дека стапките на фертилитет во земјите во развој нема да се намали во наредните 50 години.
Голема е веројатноста дека приходите во земјите во развој значително ќе се зголеми, а со тоа жените ќе добијат поголем пристап до образование, со што наталитетот ќе опадне драматично. Ако се случи тоа, светската популација во 2100 година најверојатно ќе биде многу пониско од десет милијарди жители.
Сепак, да се претпостави дека проценката на ОН е приближно точна, а до крајот на овој век во свете ќе живеат десет милијарди жители.
Аналитичарите велат дека постојат големи придобивки од поголема популација. Меѓу ние е зголемување на понудата и побарувачка за иновации во медицината и други сектори, како и поголема специјализација на работниците.
Мал број на земји имаат искуство со одржување на ниска стапка на наталитет од почетокот на 19 век. Значително зголемување на приходите во текот на изминатите 150 години се врзува со зголемување на светската популација. Според тоа, може да се претпостави дека падот на наталитетот е лош параметар за економијата на долг рок.
Доколку е така, земјите како Русија, Јапонија и Германија имаат проблем со нискиот наталитет кои се потребни за подмладување на овие земји со што овие земји ќе се соочат со незавидна економска иднина освен ако не преземат конкретни мерки за да привлечат доволно имигранти или не ја поттикне плодноста.
Со оглед на зголемените цени на храната во текот на првата деценија на 21-от век, правилната исхрана на богатото светско население ќе биде далеку потешко.
Постојат строги ограничувања за количеството на храна која може да се произведе. Производството на храна ќе се зголеми право пропорционално со површината на обработливото земјиште. Во моментот, планетата користи многу мал дел на земјиште кое може да се користи за земјоделство.
Од друга страна, светот може да се инвестира повеќе во технологијата за производство на храна, така што секој квадратен метар засадени со пченка, пченица или соја ќе овозможат значително повисоки приноси.
Кризата за вода ќе биде сериозна, доколку владите не почнат да водат сметка за поефикасно користење на водата за земјоделство и индустрија – главни корисници на овој ресурс.
Зголемувањето на жителите на планетата од седум до десет милијарди луѓе значително ќе се зголеми густината на населението, а со тоа и ризикот од појава на сериозни епидемии.
Градови како што се Хонгконг, сепак, покажуваат дека контрола на епидемии во урбаните средини е можно дури и со денешната технологија.
Побројно население во комбинација со зголемувањето на приходите ќе го забрза глобалното затоплување и зголемување на глобално загадување. Иако големината на проблемот на глобалното затоплување до крајот на овој век не се воспостави во целост, светот мора да биде подготвен да се сретне бројни екстремни климатски сценарија.
Ако до крајот на овој век, населението во светот се зголеми до десет милијарди луѓе – едно е јасно, дека владите ќе се соочат со сериозни предизвици. Сепак, таквиот развој ќе донесе вистинска корист, а негативностите, најверојатно може да се надминат брзо и ефикасно.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit