Почесто се лаже преку телефонски разговор отколку преку испраќање на пораки!
Доколку сте подржувач на идејата дека телефонските повици се подобри од СМС пораките, можеби ќе го промените мислењето откако ќе ги видите резултатите од истражувањето кое го спроведе една група научници од универзитетот во Корнел.
За време на истражувањето било побарано од учесниците – студенти секојдневно во дневник да ги запишуваат сите разговори со други лица преку телефон, СМС, електронска пошта и во живо. Според добиените податоци, научниците заклучиле дека луѓето најчесто лажат кога зборуваат на телефон. Процентуално, според добиените резултати, бројот на лица кои лажат изгледа вака:
Телефон: 37 %
Лице во лице: 27 %
СМС пораки: 21 %
Електронска пошта: 14 %
Според истражувачите, ваквиот резултат се должи на фактот дека луѓето не сакаат да лажат преку е-маил или СМС, бидејќи на тој начин постои писмен доказ за нивната лага. Од друга страна, воопшто немаат проблем кога станува збор за лажењето лице во лице или преку телефон. Има смисла, нели?