Почина најпознатиот индиски духовен водач Satya Sai Baba, на возраст од 84 години.
Sai Baba, подолго време имал проблеми со дишењето и бубрезите, починал во болница од срцев удар во неговиот роден град Puttaparthi.
Тој уживал голема почит во индиското општество, а имал и многу следбеници низ целиот свет.
Многу верници го сметале за жив бог, а за тоа биле заслужни неговите мистични сили, и способноста да материализира.
Тој бил духовен лидер кој инспирирал милиони луѓе да водат морален и значаен живот, и да веруваат во религијата на “свој морален избор” во животот.
Неговиот живот бил пропратен со контраверзии, вклучувајќи и тврдења за сексуална злоупотреба на машки следбеници, обвинувања кои никогаш не биле докажани.
Родниот град на Satya Sai Baba е претворен во огромен комплекс на хотели, одморалишта, универзитетски згради и неговиот храм кој секојдневно го посетуваат огромен број на верници.
Премиерот Manmohan Singh ја опишува неговата смрт како “непоправлива загуба за Индија”.