Кралот на поп музиката, Мајкал Џексон доби свој споменик пред фудбалскиот стадион во Лондон, Фулам.
Споменикот го подигнал сопственикот на клубот, Мохамед Ал Фајед, кој бил долгогодишен пријател на покојниот Мајкал Џексон. Скулпурата е висока 183 цм, и е поставена точно пред стадионот. Фајед смета дека со ова ја дал последната чест на својот пријател.