Последните зборови на Гадафи: Што сакате?! Видео со специфична историска вредност!

21 октомври, 20110
article-2051361-0E75D43100000578-327_634x447

Сирт – поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи вчера беше фатен жив, иако ранет, но почина набрзо откако беше заробен, изјавиле официјалните лица. Либискиот премиер изјавил дека Гадафи умрел само неколку минути пред да стигне до болница.

На снимката која ја емитуваше Араб ТВ се гледаше дека тој бил фатен и ранет. На себе носеше крвава маица, а крв имаше и по  лицето. На снимката се гледаат и борците на новите власти кои биле на пат за Сирт, родното место на Гадафи и извикувале „Бог е голем“. На не целосно јасната снимка делува како да некои од бунтовниците се обидувале да го удрат Гадафи, од друга страна некои извикувале: „Го сакаме жив“!, додека Гадафи беше влечен по земја.

Меѓународната организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон Amnesty International, повикала новите либиски власти да ги објават сите факти за смртта на Гадафи и порачале дека новите власти треба да се однесуваат хумано. Од таму навеле дека е исклучително важно да се спроведе „целосна, независна и непристрасна истрага за околностите на смртта на Гадафи“.

Повеќето извештаи се сопфаќаат дека Гадафи бил опколен, а и дека жестоко се бранел од револуционерните сили. Фати Басага, портпарол на војниот совет, чии сили биле вклучени во опсадата на Сирт, изјавил дека Гадафи на бунтовниците им извикал: „Што сакате?!“, а половина час подоцна умрел, поради крварење.

Абдел Џалил Абдел Азиз, лекарот кој бил во медицинскиот тим кои го прателе конвојот со Гадафи до болницата, го испитал телото  на Гадафи и изјавил дека тој умрел од две рани кои му биле нанесени во главата и градите.

„Не можете да замислите колку сум денеска среќен. Неможам да ја опишам мојата среќа“, изјавил лекарот и додал: „Тираниниот замина. Сега либискиот народ може да дише“.

httpv://www.youtube.com/watch?v=jWZnoTGjjkw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi