Постојат ли ангели чувари?

25 август, 20110
angeli cuvari naslovna

Можеби ангелите – чувари навистина постојат. Статистиката покажува дека луѓето многу почесто од обично враќаат билети или доцнат на авионот, кој подоцна се срушува.

Спроведено е истражување од руски научници, под раководство на Валери Исаков, која е математичар и е специјализирана за изучувањето на паранормални феномени. Резултатите биле зачудувачки.

Во последните 20 години од летовите кои се завршуваат со катастрофа, се откажувале 18% повеќе луѓе отколку од нормалните летови. “Ние сме само математичари кои откриле јасна статистичка аномалија, мистиката е во тоа што луѓето овој феномен го поврзуваат со постоењето на некоја повисока сила”- вели Исаков.

Русите не се првите кои се занимавале со овој натприроден феномен.

Уште во 1958 година, американскиот истражувач, Џејмс Стоун ја разгледал статистиката за железничките и воздушни несреќи.

Научникот открил дека возови и авиони, кои доживеале сообраќајна несреќа, биле пополнети во  просек 61%, додека во безбедни возења и летови тој просек бил 76%.

Написот на Стоун го  прочитал познатиот писател Стивен Кинг. Набргу потоа во САД се урнува авион на Magestik Airlines, сите патници и екипажот загинуваат. Неколку дена подоцна Кинг се јавил во канцеларијата и побарал да му кажат колку луѓе купиле билети, а го откажале својот лет. Се испостави дека се 16, а уште 15 лица ги откажале резервациите.  Во исто време, како што соопштиле од авиокомпанијата, такви патници обично не се повеќе од тројца.

Кинг не верува во ангели – тој претпоставува дека кај овие луѓе е има еден вид на “систем за потсвеснa сигнализација.”

Таа била развиена кај древните луѓе и им помагала да преживеат во дивината. Од тогаш наваму, системот подлежи на извесно намалување на активноста, но се уште постои во форма на интуиција.

Теоријата на Кинг се потврдува и од сеќавањата на еден од рускит криминалист. Тој зборува за чуден инцидент кој се случил во Москва во 1979 година. Тогаш по полетувањето од “Внуково” Ту-104 се удира во електричен столб и се урнува, при што загинале 58 лица. Еден од патниците во последната минута пред полетувањето го вратил билетот и патувал со воз. Тој е уапсен и испрашан, но причините за својата одлука, не можеше да објасни.

Кога станало јасно дека нема основа за сомнеж за терористички акт, мажот е ослободен.

Сепак, не секогаш не спасува древниот инстинкт – често се меша судбината или виша сила.

Така, четворица програмери од Екатеринбург многу сакале да се качат на несреќниот авион на “РусЕѕр” во Петрозаводск. За таа цел тие требало прво да летаат до главниот град, но не успеале да стигнат поради лошото чувство на еден од програмерите. Следното утро сите биле во шок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *