Американските пожарникари од Њу Џерси во петокот имаа невообичаена задача. Тие мораа да и помогнат на мечката од 135 килограми да се симне, која беше заглавена на дрво. Граѓаните ја виделе мечката рано сабајлето како талка по автопат и повикале полиција. Веројатно таа се исплашила во потрагата за храна и се искачила високо на дрвото. Набрзо се собрале полицајци, пожарникари и ветеринари за да се спаси нервозното животно. Ветеринарите му дале средство за спиење и чекале тоа да делува. Потоа мечката беше ставена во голема кошница и спуштена на земја. “Ова е доба кога тие се будат од зимскиот сон и се гладни“, изјавил портпаролот на полицијата.
http://www.youtube.com/watch?v=L4xIYCUNDdg