Познати масони од Франција – трет дел

13 јуни, 20111
phoenix

20ти Век

Во 1902 година, слободниот ѕидар Emile Combes беше именуван за Премиер. За време на неговиот мандат, издаде наредба за затварање на неколку илјади католички училишта и манастири, а беа прогонети и голем број на монаси. Веќе во 1904 година, ниту една верска институција немаше никакво влијание во школството, па Combes во 1905 година, мораше да се откаже од неговите активности, сепак истата година се реализираше одвојувањето на Црквата од државата. Сé до 1914 година, владата, која сеуште беше под влијание на Големиот Оријент, изгласи неколку социјални закони во Парламентот. Еден од најистакнатиот слободен ѕидар, Oswald Wirth, во 1912 година, започна да го издава списанието: “Der Symbolismus”, во кое се објавуваа голем број на информации поврзани со слободното ѕидарство. Eduard de Ribaucourt, член на Големиот Оријент, сметаше дека признавањето на “Семоќниот Градител на Сите Светови“ и давањето на заклетва пред “Книгата на светиот Закон“ (Библијата), се неопходни за функционирање на слободното ѕидарство. Но,тоа не доведе до никаков одзив од страна на неговите браќа, па поради тоа ја напушти ложата во 1913 година и ја основаше новата подружница, Национална Независна и Регуларна Голема ложа на Франција и француските колониии (Grand Loge Nationale Française, GLNF). Големата ложа на Англија, ја призна GLNF, бидејќи сфати дека со неа во Франција повторно ќе оживее вистинското слободно ѕидарство. После овој настан, Големиот Оријент повеќе го немаше истото влијание врз народот. Се формираше нова левичарска партија, независно од слободните ѕидари од Руе Кадет. Bernhard Wellhoff, даночник, беше првиот Голем мајстор на Големата ложа на Франција (VLF) после Првата Светска воја (1919-1922 година). Благодарение на него, дојде до реформи во Големата ложа – тој беше и еден од слободните ѕидари основачи на ложата Лига на народите и како еден од првите Големи мајстори од државата Антанта, повторно ги воспостави меѓунардоните односи помеѓу големите ложи.

Sébastiani Horace

Исто така, беше и прв француски слободен ѕидар, кој по завршувањето на Првата Светска војна, оствари посета на германска ложа (“Munificentia”, Карлсбад). На 26 Октомври 1926 година, беше организиран свечен прием во Беч од страна на ложата, каде Wellhoff ја даде својата изјава: “За време на Светската војна, четири години имав непријатни ситуации приготвени од страна на Германците. Но, во моето срце не остана ниту трошка омраза….Потпишувањето на спогодбата во Версај и Сен-Жермен беше присилен, а сите ние би сакале заедно да работиме за промените кои ќе допринесат за зголемување на човечноста.“

Charles Ferdinand Berry

Од страна на Франција беше основана “Groupe Maçonnique pour la Société des Nations pour le Rapprochement France-Allemand”, која се залагаше за надминување на конфликтите и помирување, додека истовремено во Германија, три пруски Големи мајстори потпишаа заеднички одлука, со која донесоа одлука да не воспоставуваат братски односи со големите ложи во тогашните непријателски држави. Според оваа одлука, меѓусебните односи беа ставени во мирување “се додека не биде исправена неправдата која беше направена врз германскиот народ“. На 23 Ноември 1924 година, Kurt Tucholsky како претставник на Германската лига за човекови права, за време на погребот на социјалистот Jean Jaurés, во Париз, изјави: “Овде слободните ѕидари шетаат слободно со сините појаси и не можат ниту да претпостават дека во Германија во локалните ложи има ’браќа’ кои се полни со омраза, а со тоа ги посрамотуваат основните начела на слободното ѕидарство“.

Louis XVI

Во 1921 година, Големиот Оријент и Големата ложа на Франција, заедно учествуваа на состанокот на слободните ѕидари во Женева, чија цел беше обновување на основните слободноѕидарски ритуали. Француските подружници беа лево политички оријентирани, така што во Големиот Оријент беше фромирана Union des Gauches (Унија на левичарите). Но, по доаѓањето на фашистичките сили, членовите на Големиот Оријент беа присилени да се ги застапуваат екстремно левичарските принципи. Парискиот пратеник и Потпретседател на францускиот Парламент, Frédéric Brunet, во 1928 на прашањето упатено од страна на Лигата на фамилиите, дали е дел од слободните ѕидари, одговори: “Ако вашето прашање беше дали сум жител на Париз, тогаш можам да ви одговороам дека самиот имам поднесено барање во Општината на Париз. Можам да ви кажам дека целиот мој живот го посветувам на својата фамилија и на своите деца, без разлика какви и да им бидат нивните политичките интереси во иднина. Но ако толку многу ве интересира, дали сум дел од слободните ѕидари, тогаш со огромна чест можам да ви потврдам и да ви кажам дека ние се залагаме за подобрување на меѓучовечките односи.“

Joseph Bonaparte

Oswald Wirht, беше на чело на движењето кое се залагаше за симболизмот, јавно го критикуваше слободното ѕидарство и Црквата, со објаснување дека сака да го демонизира Сојузот. Од своите браќа, за кои сметаше дека ги имаат изгубено основите на ѕидарството, бараше повторно воведување на симбилите во слободното ѕидарство. Во 1929 година англиската Голема ложа им упати на сите француски подружници ултиматум за обединување и притоа да ги исполнат општите одредби на слободното ѕидарство. Но, овие барања беа исполнети само од страна на Grandе Loge Nationale Française, додека пак Големиот Оријент остана глув на барањата на Англија и сметаше дека е подобро да го задржи “статусот – нерегуларна“ отколку да се потчини на англиските барања.

Léon Gambetta

Во владата на Édouard Herriot во 1932 година беа вклучени дванаесет слободни ѕидари, со што може да се согледа моќта и влијанието кое го имаше Сојузот. Слободните ѕидари кои се залагаа за симбилизмот, се повеќе земаа замав – најпознат од нив беше писателот René Guénon, кој во секое свое излагање ги критикуваше своите браќа дека ги имаат заборавено или изопачено основните начела на Сојузот.

Во периодот помеѓу 1933 – 1934 година, католиците објавија листа со илјадници имиња на слободни ѕидари. Како реакција на политичката надмоќ на Големиот Оријент врз работата на Републиката се покрена антимасонски бран, така што во Парламентот е поставено и барањето за забрана на Сојузот. Меѓутоа, во 1935 година ова барање беше одбиено. Со појавата на Народните фронтови повторно се зајакна Големиот Оријент и веднаш потоа се зголеми и бројот на членовите, но сепак Oswald Wirth и продолжи да го критикува работењето на Големиот Оријент.

Louis Philippe Joseph d'Orléans

Во 1937 година, слободниот ѕидар Lantoine, залудно правеше обиди да воспостави еден вид на сојуз со Црквата со цел зачуваување на најсветите богатстава од западната култура. Но, разочаран од неуспехот, во еден од неговите документи, стои:“…поради несоодветната демагогија, која влезе во храмовите, доведе елитата да престане да се зачленува во редовите на слободните ѕидари“.

Со почетокот на Втората Светска војна, се прекинаа настојувањата на слободните ѕидари кои се залагаа за повторно оживување на иделите на слободните ѕидари. После одлуката која беше донесена на 14 Август 1940 година во Виши, започна кампањата против евреите и следуваше нивен прогон. Се зголеми бројот на масовно апсење и убиства, а сите слободни ѕидари вработени во јавната администрација беа отпуштени. Големиот мајстор на Големата ложа на Франција, Dumesnil de Gramont, близок пријател на Гернералот De Gaullea, во 1943 година, во Алжир доби од страна на Генералот поништување на декретот од Виши; тајните сојузи беа легализирани, а ложите можеа повторно да започнат со работа. По завршувањето на војната, подружниците правеа обиди да воспостават меѓусебни блиски односи, но безуспешно, бидејќи нивните цели и интереси беа различни.

Како резултат на војата, ѕидарството беше разрушено и ослабено. Голем број на ложи беа укинати, па се донесе одлука за спроведување на акција за “чистење“ со цел да се исклучат сите членови кои во текот на војната го предадоа Сојузот и своите браќа.

Од 1945 година, француските слободни ѕидари, продолжија со својата работа. Големиот Оријент, кој на своите подружници им имаше оставено голема слобода, го имаше изгубено влијанието врз нивното функционирање и врз работата на државата. И покрај тоа што Големиот Оријент ги имаше изгубените врските со политиката, сепак Големата ложа на Франција, продолжи да се држи настрана од политичката сцена. Во 1953 година, донесе одлука, на олтарот во ложите повторно да се постави книгата “Светите закони“.

Во 1998 година, во Франција имаше околку 100.000 слободни ѕидари, кои припаѓаа на следните подружници:

Подружница Ложа Членови
Grand-Orient de France 840 35.632
Grand Loge de France 604 23.700
Grand Loge Nationale Française 935 23.096
Grande Loge Féminine 317 10.000
Grande Loge Traditionelle et Simbolique – Opera 135 2.600
Droit Humain 450 13.250
Grand Loge Mixte de France 60 1.350
Grande Loge traditionelle 45 1.000
Grand Loge Mixte Universelle 1.000
Orde initiatique et traditionelle de l’Art Royal 41 900

 

Единствената подружница во Франција – Големата француска национална ложа која беше признаена од страна на Големата англиска ложа, доживеа силен замав во развојот по завршувањето на Втората Светска војна. Во 1947 година, низ целата држава оваа ложа имаше свои 35 седишта, а до крајот на 2002 година, овој број порасна на 1.237 ложи со вкупен број на членови 30.907.

Последните години се карактеризираат со големи промени во работата на некои поединечни ложи. Во духот на Големата национална ложа, поедини подружници јавно излегуваа во јавноста со цел да ја поддржат хуманитарната политика или да го изнесат своето мислење за одредена политичка тема.

One comment

  • Tole

    15 јуни, 2011 at 11:23

    ajde nesto za masonite vo makedonija ????

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi