Прага

30 март, 20110
praga1

Прага,  е главен град на Чешка. Сместен е на реката Влтава, во центарот на Бохемија. Прага е култутурен и економски центар на Чешка повеке од 1000 години. Инаку Прага, се нарекува “Златен град” затоа што императорот Карло IV ги позлатил врвовите на градските порти. Градот е дом на 1,2 милиони жители, иако неговиот метрополитен дневен капацитет се проценува на повеке од 1,9 милиони луѓе.Градот е воедно и главен град на чешкиот регион Централна Бохемија.  Прага, од многумина сметана за еден од најубавите градови во Европа, е помеѓу најпосетуваните локации на нашиот континет. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. Прага е магичен град на мостови, катедрали, цркви, чии слики се огледало во лицето ва реката Влтава повеќе од еден милениум.  Прага е град кој проткајува многу богата историја и култура , но не треба да го заборавиме и малото, но сепак познато гратче Карлови Вари познато по огромната посетеност од страна на некогашната европска аристократија и културна елита во 19 век, во кое се наоѓаат 12 топлотни извори со температура на вода од 39 до 73 степени која е со лековита моќ. Тука, можете да видите архитектура од времето на барокот, ренесансата, кубизмот, нео-класиката и новата уметност. Чешката Република има умерена клима со топли, некогаш влажни лета и ладни зими. Просечната температура во лето е 24°Ц, а може да достигне и до 30°Ц. Јануари и февруари се најстудените месеци во годината, кога живата на температурната скала се искачува само до 5°Ц. Ruzyne International аеродромот во Прага е најголемиот аеродром во целата земја, а се наоѓа се на 20км северо-западно од центарот на градот. Системот на јавниот превоз во Прага е еден од најудобните и најекономичните во цела Европа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi