Предвидувањата на Нострадамус за 2012

19 мај, 20113
nostradamus-1503-1566

Michel de Nostredame или Нострадамус како што е популарно познат, е роден во Франција во 1503 година. Тој бил еден вид фармацевт и исцелител а во текот на 1550 развил интерес за окултни науки, како и пишување алманаси. Тој станал симбол на ова, и многу луѓе доаѓале кај него за предвидувања, за хороскоп и разни психички совети. Подоцна тој започнал да ги сумира своите пророштва и ги пишувал во еден вид поетски линиии на француски јазик. Тој собрал над илјада написи во една книга едноставно наречена “Пророштва“, поради кој е познат и до ден денес. Повеќето од неговите пророштва кои биле предвидени од Нострадамус, се покажале како точни, поради што тој и неговите списи се доста ценети од астролозите и другите окултни кругови.

2012 предвидувањата на Нострадамус имаат стекнато многу популарност, пред се поради тоа што назначената година се приближува, а и поради фактот дека неговите предвидувања се совпаѓаат со оние на Маите, Библијата и гностичките текстови.  Исто така треба да се истакне дека предвидувањата на Нострадамус никогаш не биле потполно јасни, бидејќи требале да се толкуваат неговите симболични изразувања, а различни толкувачи различно ги пренесуваат неговите пророштва. Иако ова е случај, сепак многу од неговите предвидувања се покажале за точни за време на Втората светска војна, за Хитлер па понатаму. Затоа предвидувањата за 2012 на Нострадамус се поинтересни за читање и поради самиот факт дека луѓето мислат дека може да се точни и прецизни.

Теоријата на Нострадамус

2012 Нострадамус предвидувањата покажале  мрачна слика на масовно уништување и хаос предизвикан од комета. Не е јасно прецизирано дали оваа комета ќе ја удри Земјата, или пак ќе помине многу блиску до неа, со што ќе предизвика големи земјотреси и други катастрофални појави. Но, сите толкувачи на Нострадамусовите четристишије се обединети во мислењето дека тоа ќе биде комета која се очекува некаде во демекмври 2012 година.

Нострадамус пишува во една од неговите четиристишија – “На небото ќе се види  голем пожар со искри”. Оваа линија јасно укажува на една комета и многумина се на мислење дека тоа ќе биде многу голема. Одредени преведувачи мислат дека големина на кометата ќе биде малку помала од големината на планетата Јупитер, и ако таква комета помине во близина на Земјата,  ефектот на земјината тежа ќе предизвика океаните да се зголемат, а исто така тоа да доведе до земјотреси.

Друга теорија е дека ако кометата помине блиску до Земјата, тоа би можело да предизвика некој астероид да ја промени својата траекторија на движење или курс и да има влијание повторна на нашата планета. Ваквиот ефект од астероид ќе биде катастрофален бидејќи би делувал како неколку атомски бомби кои би предизвикале масовно уништување. Некои предвидуваат дека супер силите на човештвото ќе испратат атмоски ракети за да се скрши овој атероид во вселената, но сепак ќе има дожд од искри и оган од фрагментите на астероидот кои ќе се гледаат на Земајта.

За 2012 година Нострадамус исто така сугерирал дека поради масовното уништување и деструкцијата предизвикана од кометата, ќе се предизвика и широка анархија, а одредени нации ќе сакаат да искористат и да се впуштат во трета светска војна. Едно од неговите четристишија вели “Кралот на теророт ќе дојде од небото. Тој ќе го донесе во живот кралот на Монголите“. Оваа линија се толкува дека по доаѓањето на кометата, Кина ќе добие големо значење и може да започне напад врз други земји со што ќе здобие со оргомна надмоќ во светот.

Предвидувањата на Нострадамус за 2012, исто така даваат индикации за судбината на одредени нации и колку долго кометата ќе се гледа на небото.

Нострадамус споменува – “Големата ѕвезда ќе блеска седум дена“, што значи дека кометата ќе биде многу блиску до Земјата во текот на седум дена и седум ноќи. Понатаму тој вели – “Големото куче ќе завива навечер, кога големиот бискуп(папа) ќе ги промени земјите“. Големото куче во многу толкувања се смета дека е Обединетото Кралство, а овој запис сугерира на нејзино уништување. Бискупот е смета дека е Папата, а оттука и дека Рим ќе биде уништен.

3 comments

  • marjan

    18 февруари, 2012 at 21:34

    Lele lele sto kje pavime koga kje vlezeme vo EU i NATO

    Reply

  • koka

    3 септември, 2011 at 20:54

    so si nemav rabota da citnam za glupostite na ovaj madmlazelo,so i koskite mu se skapani veke,sega digam race od moeto odenje na zapad,so sila kinez ke se praam.

    Reply

  • Brzi

    22 јуни, 2011 at 15:44

    a predvidel li dali nekogas ke dobijam na loto ili bingo mozebi, aj na sportska

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi