Припадник на полициски алфи претепал момче до смрт, тврдат очевидци

6 јуни, 20110
skopje7

Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.

“ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден kabel и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г.

Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi