Доколку сте фан на Galaxy телефоните на Samsung, и потребен ви е Dual SIM телефон, од следната година стигнува убаво решение.
Galaxy Y Duos и Galaxy Y Pro Duos се новите модели кои од следната година ќе се најдат во продажба, и тоа во јануари во Русија, а потоа ќе се појават и на европскиот, како и на другите светски пазари.
Galaxy Y Duos е модел наменет за помладите, велат од Samsung, има 3,14 инчен екран, резолуција 240 х 320, процесор 832 мегахерци, камера од 3 мегапиксели и работи на 2.3 верзија на Android.
Pro моделот е опремен со QWERTY тастатура, има 2,6 инчен LQVGA екран, предна VGA и главна камера од 3 мегапиксели и исто така работи на Android 2.3.
Двата телефони го имаат TouchWiz корисничкиот интерфејс.
„Не радува тоа што сега можеме да ги претставиме првите Dual SIM смарт телефони со платформа Android. Активно го истражувавме овој пазар и бевме повеќе од свесни дека постои голема потреба за Dual SIM смарт телефони”, изјави Џ. К. Шин, претседателот на работната единица за IT и мобилна комуникација во компанијата Samsung Electronics.
Информациите за цените не се познати, но извесно е дека се работи за попристапни модели.