Приткинова диета

popara30 јуни, 20111min00
eating-healthy

Оваа диета освен што ќе ги намали вашите килограми, таа помага и при проблеми со хипертензија, дијабетес, проширени вени, хемороиди, присуство на камен во жолчка, остеопороза и.т.н.

Правила за практикување на оваа диета:

–      месо дозволено е да јадете риба, бело пилешко и тоа во количина не поголема од 100 гр

–      маснотии- значи масла, путер, маргарини се забранети. Се советува да се користи само ладно цедено малсиново малсо и тоа во минимални количини.

–      Од јајца се користи само белката

–      Од млечни производи дозволено е да консумирате млеко и јогурт, ¼ на ден и сирење 30-50 гр на ден.

–      Голем акцент се става на маешунките. Препорачано е дневно да се внесуваат по 100 гр. Внимавајте тоа нека биде: наут, црна соја, жолта соја, азуки грав, леќа, како и домашен грав.

–      Житарици, се користат во форма на интегрални житарици, црн леб, тестенини од интегрално брашно,

–      Дозволено е внес на секаков вид на зеленчук и тоа во неограничени количини.

–      Овошје јадете два до три пати во денот, од 400 до 500 гр.

–      Строго забрането е јадење на слатки

–      За пиење дозволено е само вода и сокови кои се природни, свежо исцедени.

–      Ужината секој ден е иста: едно парче овошје, свежа салата или 30 гр јаткасти плодови, суво овошје

1 ДЕН

Појадок: сок од морков 1,5 дл, 3-4 кришки двопек намачкан со 20-25 гр намаз од соја и 1 супена лажица пченични снегулки потопени во 1 дл јогурт

Ручек: крем супа од пченка со кисело млеко, варен компир, 100 гр барена риба или печена на скара, салата од рендана зелка зачинета со малку сол и сок од лимон.

Вечера: пита од зелка, варена белка, чај

2 ДЕН

Појадок: една чаша млеко, каша од јачмен, 1 парче интегрален леб премачкан со фил од варени јаболки.

Ручек: чорба од мешан зеленчук, боранија, морков, лук, магдонос, варен интегрален ориз, и салата од цвекло.

Вечера: 3-4 парчиња интегрален леб, 50 гр младо сирење, чаша јогурт.

3 ДЕН

Појадок: половина грејпфрут, палента со сок од јаболко, незасалден зелен чај.

Ручек: чорба од шампињони, три парчиња црн леб

Вечера: пица од пченкарно брашно со шампињони и чаша јогурт.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma