Во обвиненијата се наведува дека се работи за Kинески QW-2 ракети земја-воздух со кои Чен сакал да ги внесе во САД.
Случајот против Чен е резултат на тајната операцијата “Smoking Dragon”, која ФБИ ја предводела против недозволениот шверц во Јужна Калифорнија. Операцијата “Smoking Dragon” е поврзана со истрагата во Њу Џерси каде довело до апсење на 87 лица под обвинение поврзано со меѓународни заговори за шверц на фалсификувани долари, дрога и други шверцувани стоки во САД. Чен е последниот обвинет и осуден во операцијата “Smoking Dragon”.
Во 2006 година, од страна на агенти на ФБИ бил приведен човек кој признал дека соработувал со Чен, и се изјаснил за виновен во врска со шверцот на различни артикли, вклучувајќи и намерата да се донесат проектили земја-воздух во САД. Додека Чао Тунг Ву го чекал обвинението тој починал пред Чен да биде изведен пред суд.
Во исказот на доказите на ФБИ стои дека Чен и Ву, се состанале со таен агент на ФБИ, и се согласиле да организираат увозот на QW-2 проектили од Народна Република Кина. Проектилите никогаш не биле испорачани а Ву и Чен биле уапсени во 2005 година, пред договорот да биде склучен.
Покрај 25-годишна затворска казна, судијата наредил Чен да плати оштета на Филип Морис во износ од 520.000 $ за шверцувани цигари кои ги криумчареле во САД.
Операција “Smoking Dragon”, била водена од страна на ФБИ, со помош од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на САД, Емиграционото биро и царината.