Пробал да внесе QW-2 проектили во САД, но бил уапсен од ФБИ

18 мај, 20110
o
Ји Кинг Чен, 49, од Росмед, Калифорнија е осуден на 25 години федерален затвор, откако кон него биле донесени серија на федерални обвиненија поврзани со шверц на наркотици во САД, вклучувајќи и проектили земја-воздух наменети за соборување на авиони.

Кон крајот на 2010 година Чен бил под обвинение дека дистрибуирал метамфетамин и кокаин, трговијата со шверцувани цигари, и конспирација за увоз на ракетни системи со цел да се уништат авиони на територијата на САД.
Во обвиненијата се наведува дека се работи за Kинески QW-2 ракети земја-воздух со кои Чен сакал да ги внесе во САД.
Ова е прв случај на обвинение под ставката анти-тероризам за шверц на ракетни системи во САД, според законот кој е донесен во Декември 2004 година, со кој се предвидува казна затвор во траење од 25 години.
Во обвинението се наведува дека Чен е првата личност во САД кој е обвинет за заговор за шверцување противавионски проектили  по 9 / 11 нападите во ЊуЈорк”, Судијата Андре Бироте Џуниор за 25-годишна затворска казна рекол дека таа соодветно се одразува на сериозноста за заканата за безбедноста на САД.”

Случајот против Чен е резултат на тајната операцијата “Smoking Dragon”, која ФБИ ја предводела против недозволениот шверц  во Јужна Калифорнија. Операцијата “Smoking Dragon” е поврзана со истрагата во Њу Џерси каде довело до апсење на 87 лица под обвинение поврзано со меѓународни заговори за шверц на фалсификувани долари, дрога и други шверцувани стоки во САД. Чен е последниот обвинет и осуден во операцијата “Smoking Dragon”.

Во 2006 година, од страна на агенти на ФБИ бил приведен човек кој признал дека соработувал со Чен, и се изјаснил за виновен во врска со шверцот на различни артикли, вклучувајќи и намерата да се донесат проектили земја-воздух во САД. Додека Чао Тунг Ву го чекал обвинението тој починал пред Чен да биде изведен пред суд.
Во исказот на доказите на ФБИ стои дека Чен и Ву, се состанале со таен агент на ФБИ, и се согласиле да организираат увозот на QW-2 проектили од Народна Република Кина. Проектилите никогаш не биле испорачани а Ву и Чен биле уапсени во 2005 година, пред договорот да биде склучен.

Во текот на судењето биле прикажани снимки од разговори каде Ву и Чен биле ангажирани во широк спектар на криминални активности, вклучувајќи шверц на наркотици, трговија со фалсификувани цигари и транспорт на возила во Кина со лажни документи”.
Покрај 25-годишна затворска казна, судијата наредил Чен да плати оштета на Филип Морис во износ од 520.000 $ за шверцувани цигари кои ги криумчареле во САД.

Операција “Smoking Dragon”, била водена од страна на ФБИ, со помош од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на САД, Емиграционото биро и царината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma