Квалификациите за Европското првенство во фудбал кое 2012. година ќе се одржи во Полска и Украина продолжуваат со мечевите во петок и сабота. Репрезентацијата на Македонија последниот воз за освојување на второто место во групата го ‘брка’ против Република Ирска, која амбиции да биде и прва, а интересен меч се очекува да одиграат и репрезентациите на Ерменија и Русија.
Од останатите мечеви вреди да се издвојат дуелите меѓу Шпанија и Чешка, потоа соседското дерби меѓу Велс и Англија, односно Норвешка и Данска, како и гостувањето на ослабените Холанѓани во Унгарија.
Прогнозите велат дека неизвесно би требало да биде и на дуелот во кој Србија ја пречекува Северна Ирска, а интересено би требало да биде и во Љубљана каде Словенија ќе се обиде да ги помати плановите на Италија.
Група А
Петок, 25. март:
20:30ч Австрија – Белгија
Сабота, 26. март:
20:00ч Германија – Казахстан
Табела: Германија 12 бода, Австрија 7, Турција 6, Белгија 4, Азербејџан 3, Казахстан 0.
Група Б
Сабота, 26. март:
16:00ч Ерменија – Русија
20:00ч Андора – Словачка
20:45ч Република Ирска – Македонија
Русија 9, Р. Ирска 7, Ерменија 7, Словачка 7, Македонија 4, Андора 0.
Група Ц
Петок, 25. март:
20:30ч Србија – Северна Ирска
20:45ч Словенија – Италија
Италија 10, Словенија 7, Естонија 6, Северна Ирска 5, Србија 4, Фарски Острови 1.
Група Д
Петок, 25. март:
21:00ч Луксембург – Франција
Сабота, 26. март:
19:15ч Босна и Херцеговина – Романија
20:00ч Албанија – Белорусија
Група Е
Петок, 25. март:
20:30ч Унгарија – Холандија
Група Ф
Сабота, 26. март:
18:00ч Грузија – Хрватска
19:05ч Израел – Летонија
20:30ч Малта – Грција
Група Г
Сабота, 26. март:
16:00ч Велс – Англија
17:45ч Бугарија – Швајцарија
Група Х
Сабота, 26. март:
19:00ч Кипар – Исланд
20:00ч Норвешка – Данска
Група И
Петок, 25. март:
22:00ч Шпанија – Чешка.
Извор: Нетпрес