Мексиканските археолози пронашле две скулптури на воини од маите, во Јужно Мексико, за кои се верува дека се стари 1300 години.
Двете раскошни скулптури во природна големина, можат да обезбедат информации за сојузите и војните на градовите во кои живееле маите, за време на самракот од нивната цивилизација.
Мексиканскиот археолог Хуан Хадеун рекол дека 1,5 метри високите скулптури се пронајдени во мај оваа година во Тонини во јужната држава Чипас.