Фосилизирани трупци од, како што би кажале научниците најстарата шума во светот се сега дел од колекцијата на државниот музеј во Њујорк. Еден од 35-те трупци, стари 380 милиони години, пронајдени кај браната Гилбоа, беше официјално откриен во државниот музеј на Њујорк, предходниот четврток. Браната Гилбоа е важен дел од системот за снабдување со вода во Њујорк. Првите трупци биле откриени во 1920 година кога браната била во фаза на конструирање. 12 од пронајдените трупци ќе бидат користени за истражување, додека останатите ќе бидат изложени во различни музеи во Њујорк.