Изминатиов викенд истражувачите во Северна Каролина го пронајдоа сидрото на стариот пират Црнобрада. Тие пред 15 години ги пронашле остатоците од бродот, а сега и сидрото. Се верува дека постојат околу 225.000, а до сега пронашле 100.000 остатоци. Пронаоѓањето на сидрото се смета за важно откритие, а се наоѓало во плитките води на океанот што ги изненадило истражувачите.
Пиратот без брод останал пред триста години, а ширел страв заради својата суровост на Атлантикот. Тој загинал во една битка и набргу откако го загубил бродот кој бил наречен “Одмазада на кралицата Ана”. Изложбата на остатоците кои се пронајдени ќе се одржи на 11-ти јуни во Бофор.