Протекоа снимките од првиот Windows Nokiа
Nokiа пред неколку дена го претстави својот прв уред на MeeGo платформата, но и го најавила Windows мобилниот телефонски уред за до крајот на годинава.
Но тоа не е крај за новостите од Nokiа, бидејќи на конференцијата за новинари, извршниот директор на оваа компанија Стивен Елоп, ги замолил новинарите и сите присутни да ги исклучат своите камери и мобилни телефони и за прв пат го покажале телефонскиот уред на Windows платформа.
Прикажаниот телефон визуелно многу наликува на N9, а бидејќи никој не го испочитувал барањето на Елоп, на интернет веќе има нови фотографии и снимки од телефонот.
Стакло горила, камера од 8 мега пиксели, се едни од карактеристиките на на моделот чие кодно име е Sea Ray.
Во продолжение можете да ја видите снимката од конференцијата, а на унгарскиот TechNet и целото видео.
http://www.youtube.com/watch?v=r1lsJOwdmfA&feature=player_embedded