Провалник кој секој би го посакал! Провалил во куќа не за да краде, туку да ја накити за Божиќ!
17 ноември, 20110
Еден човек провалил во семеен дом во Охајо и ја накитил со божиќни украси.
Според локалната полиција, Тери Трент (44), удобно се сместил во куќата, на масата имало запалена свеќа, телевизорот бил пуштен и уште неколку свеќи имало во другата соба, изјавила мајката на Тамара Хендерсон, во чија куќа провалиле.
Нејзиниот единаесет годишен син го забележал натрапникот кој му кажал: „Извини несакав да те уплашам, ги земам моите работи и веднаш си одам“. Трент кој наводно има проблеми со дрогата сега се наоѓа во окружниот затвор поради провала.