Прванов: Име со географска одредница ќе ја засегне и Бугарија

7 јуни, 20110
Parvanov_big
Бугарскиот претседател, Георги Прванов како што пренесува  агенцијата БТА, нагласи дека Бугарија ќе поддржи секакво компромисно име што ќе го договорат Скопје и Атина, но предупреди дека “барањето име со географска одредница до извесен степен може да ја засегне и Бугарија и би можело да предизвика одредено граѓанско незадоволство“. Како пример ги посочи имињата од типот “Северна“ и „Горна Македонија“.
’Тие не треба да се коментираат со оглед на тоа што дел од “Северна“ и од “Горна Македонија“ е Пиринска Македонија која се наоѓа на бугарска територија и би отворило прашање како во таков случај би се нарекувало населението во тој дел од Бугарија“, рече Прванов, но како што наведе, “нека најдат нашите пријатели во Скопје и во Атина заедничко прифатливо име, ние Бугарите ќе најдеме начин да ја изразиме својата конструктивна позиција“.
Бугарија и Словенија сметаат дека местото на Македонија е во ЕУ и ги поддржуваат напорите на Скопје и на Атина за изнаоѓање конструктивно и обострано прифатливо решение за прашањето за името, истакнаа бугарскиот претседател и неговиот словенечки колега Данило Тирк на вчерашната заедничка прес-конференција во Љубљана.
“Без сомнение Македонија треба да има европска и евроатлантска перспектива и колку побрзо се реши прашањето за името толку побрзо ќе се и се отвори патот на земјата кон тие организации“, изјави Прванов.
Словенечкиот претседател Тирк смета дека покрај повеќестраните напори за решавање на спорот, неопходен е силен дијалог на највисоко ниво меѓу Грција и Македонија. Тој изрази увереност дека претставениот список со можни имиња од посредникот на ОН Метју Нимиц е доволен и не треба да се бараат други опции.
“Најважно е двете држави меѓусебно да се договорат. Прашањето може да биде решено ако има волја и храброст кај лидерите на двете земји. Крајно време е тие да најдат решение за проблемот“, изјави Тирк.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi