Први април – “Ден на шегата“

1 април, 20110
3
Многумина во светот се смеат на 1. Април од срце или иронично, зависно од тоа дали се случуваат шеги на туѓа сметка или тоа некој го прави на своја сметка. Низ песна, смеење, дружење Денот на шегата ќе се одбележи и кај нас.
Дневниот дел на манифестацијата “Априлијада 2011 – Скопје се смее“ денес на плоштадот “Македонија“ ќе биде отворен со дефилето на маскираните деца од скопските градинки. Вечерниот дел од манифестацијата, што е во организација на Детскиот културен центар “Карпош“, ќе почне во 21 часот.
Во основните училишта од Скопје веќе беше распишан конкурс за изработка на најдобра маска или на шеговит цртеж, најдобрите три креативни дела ќе бидат наградени, а во средните училишта на подрачјето на град Скопје беше распишан конкурс за најдобра групна маска којашто ќе биде наградена на вечерниот дел од Манифестацијата.
Најмладите на плоштадот ќе ги забавуваат Оркестарот и солистите од Детскиот културен центар “Карпош“, танчарките, балерините од студиото “Ребис“, фолклорниот ансамбл на ДКЦ “Карпош“ и балетско-ритмичките групи од основните училишта.
Во вечерниот дел ќе настапат музичката група “Белезгија“, ЈМС, виолинистот Зоран Џорлев, Александар Митевски, ќе има и еден блок со караоке, а со настапот на ДЈ Бабура, што ќе трае до раните утрински часови, ќе биде затворена оваа еднодневна манифестација.
Вечерниот дел ќе биде постојано придружуван од жонглерското студио “Фаз Бабл“ како на сцената, така и во публиката, а манифестацијата ќе заврши со атрактивна пиротехничка егзибиција.
Априлијада “Скопје се смее“, се реализира под покровителство на Град Скопје, а во рамките на дневниот, како и во вечерниот дел на манифестацијата, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе ги поздрави сите присутни на плоштадот.
Се верува дека обичајот да се шегувате на 1. Април потекнува од Франција од 14 век.
Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на 1. Април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.
Потоа во 1564 година, Францускиот крал Чарлс ИЏ, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1. Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1.  Април.
Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1. Април го славеле како Нова Година.
Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1. Април.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit