Главниот човек на компанијата Нокиа, Стивен Елоп, изјавил дека примарната стратегија на компанијата се уредите за Windows Phone платформата, а првиот од нив треба да биде претставен оваа година.
“Верувам дека ќе го лансираме првиот уред на Windows платформата малку подоцна оваа година, а дека со испорака ќе започнеме во текот на 2012 година“, изјавил Елоп на конференцијата во Сингапур.
Додека не стигне овој уред, на конференцијата е претставен првиот, а и последен Нокиа телефон со MeeGo платформа, моделот N9.
Телефонот со таканаречениот unibody дизајн, без копчиња на предната страна има 3,9 инчи AMOLED екран со резолуција 854х480, има 1GHz процесор и 1GB RAM, камера со 8 мегапиксели, а верзијата на платформата е 1.2 MeeGo.
Уредот е тежок 135 грама и достапен е во три бои. Препорачаната малопродажна цена за сега не е позната.
http://www.youtube.com/watch?v=QOLZhiNP8ME&feature=player_embedded