Првиот Windows Nokia оваа година, сега доаѓа N9

21 јуни, 20110
Првиот Windows Nokia оваа година, сега доаѓа N9

Главниот човек на компанијата Нокиа, Стивен Елоп, изјавил дека примарната стратегија на компанијата се  уредите за Windows Phone платформата, а првиот од нив треба да биде претставен оваа година.

“Верувам дека ќе го лансираме првиот уред на Windows платформата малку подоцна оваа година, а дека со испорака ќе започнеме во текот на 2012 година“, изјавил Елоп на конференцијата во Сингапур.

Додека не стигне овој уред, на конференцијата е претставен првиот, а и последен Нокиа телефон со MeeGo платформа, моделот N9.

Телефонот со таканаречениот unibody дизајн, без копчиња на предната страна има 3,9 инчи AMOLED екран со резолуција 854х480, има  1GHz процесор и 1GB RAM, камера со 8 мегапиксели, а верзијата на платформата е 1.2 MeeGo.

Уредот е тежок 135 грама и достапен е во три бои. Препорачаната малопродажна цена за сега не е позната.

http://www.youtube.com/watch?v=QOLZhiNP8ME&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma