Пушење до 2020?
22 април, 20110

Ако законот за забрана на пушење продолжи со иста мера, секоја држава во САД до 2020 ќе го воведе истиот. Тоа забранува пушење на работните места, рсторани и барови. До 2000 година ниту една држава немала воведено ваков закон, а од минатата година кога почнаа да се воведуваат забраните за пушење дури 25 држави го направија тоа, јавува АР. Имено десет земји вовеле делумна забрана. Седум земји (Индијана, Кентаки, Мисисипи, Јужна Каролина, Тексас, Западна Вирџинија и Вајоминг) немаат ограничувања за пушењето во затворени простории, иако некои од нивните градови имаат.