На 18-ти јуни на Калемегдан, Белград настапува една од женските музички икони, Ејми Вајнхаус. Концертот на кој ќе настапат Ејми, Моби и уште неколку изведувачи е во организација на Аволон.
Картите се од денес пуштени во продажба и може да ги најдете во Југотон. Со оглед на тоа дека светските ѕвезди најавија изведба на песни од нивните долго најавувани албуми, треба да побрзате со купувањето на картите.