Радијација тече од сите страни на “Фукушима 1“

25 мај, 20110
Earthquake and Tsunami damage, Japan
Компанијата која стопанисува со хаварисаната јапонска нуклеарка “Фукушима 1“, ТЕПКО, соопшти дека се регистрирани високи нивоа на радиоактивен цезиум, под еден од шесте реактори во атомската централа, објави ДПА, пренесува Нетпрес.
Нивото на цезиум-134, под првиот реактор на “Фукушима 1“ е 18 пати над дозволената граница. Радиоактивните истекувања од централата не престануваат, откако таа беше оштетена во земјотресот и цунамито на 11 март, годинава. Во неделата ТЕПКО почнал да го мери нивото на радиоактивни супстанци под реакторите 1 и 4 и открил радијација од 360 бекерели на кубен метар, под реактор 1, предизвикана од  цезиум-134. Се претпоставува дека во тој реактор повеќето нуклеарни прачки, кои служат како гориво, се стопиле поради хаваријата.
Исто така, ТЕПКО утврдил дека нивото на цезиум-134 под четвртиот реактор е 7,5 пати над границата од 50 бекерели. Претпоставките се дека таму радиоактивната супстанца дошла од базенот за складирање на обработено нуклеарно гориво и од соседниот реактор 3, бидејќи во активната зона на самиот реактор 4 нема нуклеарно гориво. Јапонската компанија има намера реакторот 3 да го покрие со полиестерско платно, за да спречи поголемо истекување на радиоактивни материи во околината.
Вчера, пред да отпатува во Франција на средба на Г-8, јапонскиот премиер Наото Кан изјавил дека неговата влада ќе ја преиспита енергетската политика на земјата. Инаку, јапонската енергетска политика предвидуваше до 2030 година за 50 отсто да се зголеми количеството на електрична енергија, произведено во нуклеарките, и до 20 отсто зголемување на производството на струја од обвновливите извори на енергија. Јапонските социјал-демократи, пак, ја повикуваат владата да ги изостави плановите за нови нуклеарни реактори и да направи земјата до 2050 година, целосно да биде зависна од обновливи енергетски извори.
Истовремено, новинската агенција “Ројтерс“ објави дека ситуацијата во “Фукушима 1“ предизвикува се’ поголем немир во Токио, каде побарувачката на Гајгерови бројачи значително се зголемила. Жителите на јапонската престолнина не им веруваат на соопштенијата на властите за нивото на радиација и претпочитаат сами да си вршат мерења. Во Акихабара, меката на електронската техника во Токио, многу продавници целосно се испразнети од Гајгерови бројачи, и неможат да одговорат на побарувањата на потрошувачите.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi