Радијацијата голема, а работниците сепак работат

18 април, 20110
Fukushima-Radiation-water-sea-rising3

Резултатите од мерењето на радијацијата од двата реактора на јапонската нуклеара Фукушима, покажале дека нивото на радиоактивни честици е зголемено. Сепак, според официјалните лица, зрачењето не е толку големо, за да неможат луѓето да работат во неа. Хидехико Нишијама од јапонската агенција за нуклеарна безбедност рекол дека мерењето во реакторите 1 и 3 ги извршиле два робота и дека нивото на радиоактивност не е превисоко и затоа работниците можат да седат во објектите во кратки временски интервали. Нишијама, сепак, изјавил дека радијацијата нема да го забави планираниот процес на ладно гасење на реакторот во рок од девет месеци, пренесува АР. Во меѓувреме, главниот секретар на владата Јукио Едано изјавил дека евакуираните жители од областите околу Фукушима, во идина ќе може да се вратат во своите домови.

Проблемите во Фукушима почнаа по земјотресот од 9 степени според Рихтер, кој на 11 март го погоди североистокот и истокот на Јапонија, па со снемувањето на струја, престанаа да работата и системите за ладење на шестте реактори, колку и што ги има во Фукушима.

До престанок на работењето на разладувачките системи дојде до експлозии и пожари во реакторите, оштетување на структурата во кои се наоѓаат јадрата на реакторите, како и делумно топење и зголемување на температурата во безените каде што се чува нуклеарно гориво.

Јапонските власти од тогаш се обидуваат да го спречат целосното топење на реакторите и ширењетп на радијацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi