Ракометарите на Македонија на ЕП 2012 против Германија, Шведска и Чешка

15 јуни, 20110
rakomet_reprezentacija_mazi

Ждрепката за Европското првенство за ракометари кое ќе се одржи 2012. година во Србија се одржа денеска, а нашата национална селекција ќе игра во групата Б против Германија, Норвешка и Чешка.

Еве го и комплетниот исход од ждрепката за ЕП 2012, на кое по три екипи од секоја група ќе минат во втората фаза од натпреварувањето:

Група А: Полска, Данска, Србија, Словачка

Група Б: Германија, Шведска, Чешка, Македонија

Група Ц: Франција, Унгарија, Шпанија, Русија

Група Д: Хрватска, Норвешка, Исланд, Словенија.

Првичните проценки велат дека Македонија имаше и малку среќа во денешната ждрепка при составот на групите од завршницата на ЕП во Србија. Според претходните најави во однос на посакуваните противници, денеска добивме група по мерка.

Македонија натпреварите од фазата по групи на Континенталниопт шампионат ќе ги игра во Ниш. Најпрво на 15. јануари играме против Шведска, на 17. ќе излеземе на мегдан со Германија, а по ден одмор (19. јануари) ќе ги одмериме силите со Чешка. Цените на билетите за прелиминарната фаза не се познати, ниту пак кога ќе почне продажбата. Капацитетот на салата во Ниш е 4.000 седишта, а всушност станува збор за старата сала „Чаир“ која е реновирана за да ги задоволи условите за организирање група.

“Посакувавме ваква група и ја добивме, задоволство е огромно. Противниците се репрезентации со кои можеме да играме и да оствариме позитивен резултат. Наше е добро да се подготвиме и да постигнеме што е можно подобар пласман и успех, најпрво ќе се сконцентрираме на пласман во вториот круг.” – изјави селекторот на Македонија, Звонко Шундовски, веднаш по ждрепката.

“На хартија коцките на некој начин се поклопија. Денешната ждрепка не мора ништо да значи, но сепак за мене лично ова се посакувани противници, според рејтингот. Но, мора да ни биде јасно дека на ЕП нема слаби противници” – изјави македонскиот репрезентативец Ванчо Димовски по денешната ждрепка.

Европското првенство се игра од 15. до 29. јануари 2012. година во Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi