Ратко Младиќ умира!

2 јуни, 20110
0
Ратко Младиќ е веќе мртов човек! Има четврти степен на карцином на лимфните жлезди, а малигните тумори и покрај терапијата се прошириле, и тој фактички ги брои последните денови од својот живот, оцениле експерти по уводот во медицинската документација, до која дошол српскиот весник “Ало“, пренесува Нетпрес.
Неговиот адвокат, Милош Шаљиќ, на новинарите на белградскиот весник им потврдил дека медицинската документација е веродостојна. Според неа, Младиќ боледува од тумор на лимфните жлезди, кој постојано се шири. Генералот од 20 април до 18 јули, 2009 година, бил на болничко лекување поради прогресија на туморот. Примал хемотерапија и му била извршена и хируршка интервенција. Но, и покрај тоа болеста значително напредувала и постојано се шири.
Неколку белградски хематолози, откако ги прегледале медицинските документи на Младиќ, потврдиле дека тој ги брои последните денови од својот живот.
“Овие наоди се катастрофални. Според нив, тој е веќе мртов човек! Болеста толку многу напредувала, што едноставно се чудам како тој е сеуште жив. Бидејќи знам какви се условите на лекување во Шевенинген, одговорно можам да кажам дека тој таму може само да почине, бидејќи тие неможат да му пружат адекватно лекување. Имаат само еден лекар, од општа пракса, кој е способен да лечи само настинка. Под претпоставка дека наодите се валидни, нему му е потребно болничко лекување, неопходно е што побргу да се направат анализи и да се види во кој стадиум е болеста во моментов. Мислам дека би било најдобро сето тоа да се направи кај нас. Власта не смееше да го испорача пред овде да го прегледаат наши лекари. Ова е крајно нехумано и жалосно“, изјавил за “Ало“ професор-докторот Момчило Бабиќ, кој е дел од тимот лекари од Белград што се грижат за здравјето на Воислав Шешељ.
Адвокатот Шаљиќ, кој ја потврдил веродостојноста на медицинската документација на Младиќ, не сакал да го открие името на клиниката каде поранешниот лидер на босанските Срби се лекувал пред две години.
“Можам само да кажам дека комплетната документација е веродостојна. Станува збор за една државна болница во Белград, но засега неможам да кажам точно која. Верувајте дека се’ ќе биде откриено за многу брзо време“, рекол адвокатот.
Според венсикот само четири здравствени установи во Белград се опремени за таков вид лекување: ВМА, КБЦ “Бежанијска коса“, Институтот за онкологија и Институтот за хематологија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi