Реакции од грчките медиуми за “Воинот на коњ“

14 јуни, 20110
Alexander the Great Horse Head by SJM

На само една недела по изборите на кои беше реизбран премиерот Никола Груевски, во центарот на Скопје е поставен споменикот на Александар Македонски, пишува он – лајн изданието на грчкиот весник “Прото тема“.

Според весникот, кој се повикува на медиумите во Македонија, со цел да не се предизвикува Грција, споменикот е наречен “Воин на коњ“, иако сите медиуми го пренесуваат како “споменикот на Александар Македонски“.

“Сцената на апсурдот на централниот плоштад во Скопје ќе биде комплетирана со ставањето на единаесет помали статуи на скопски херои од ’историјата’ како кралот Филип на Македонија, византискиот цар Јустинијан, бугарскиот цар Самуил, кои очигледно ќе бидат претставени како “Македонци. Додека невработеноста во Македонија расте и економската криза е пред нозете на нејзиниот народ, премиерот одбира да поставува споменици, трагајќи по својот мит за ’Македонија’“, пишува грчкиот весник во текст посветен на денешното монтирање на споменикот во центарот на Скопје.

Инаку, денеска, на плоштадот “Македонија“ почнаа работите за поставување на споменикот на Александар Македонски, чиј  работен наслов е “Воин на коњ“.

Од општина Центар информираат дека по поставувањето на скулптурата “Воин на коњ“ во идниот период ќе се работи на комплетно естетско и визуелно поимање на идејното решение во пракса. Исто така партерно ќе се уреди просторот околу фонтаната и ќе биде поставено осветлување.

Роден во Пела, која се наоѓа во Егејска Македонија, денешна северна Грција, Александар Велики ја освоил тогаш моќната Персиска империја и поголемиот дел од светот што тогаш им бил познат на античките Грци, пред да почине во Вавилон во 323 година п.н.е на 32 годишна возраст.

Грција тврди дека славниот војсководец е антички Грк, иако во тој период Грција како држава воопшто и не постоела. Егзистирале градови држави, од кои интелектуално најразвиена била Атина, додека воено лидер била Троја, која пак со Александар Велики, крал на Македонија, имала потпишано сојуз. Атина била во војна со Македонија, од времето на кралот Филип Втори, се додека целосно не била покорена од македонското кралство.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi