Иако главниот дел од сезоната допрва е пред нив, во Реал Мадрид веќе по малку размислуваат и за следната сезона. Барем ако се суди според написите во шпанските медиуми.
Шпанскиот дневник “Спорт” во своето денешно издание тврди дека Реал во летниот преоден рок е подготвен на Рома да и понуди 30 милиони евра и аргентинскиот играч за врска Фернандо Гаго во замена за Даниеле де Роси.
Тренерот на “кралскиот клуб” Жозе Мурињо наводно силно посакува да го доведе де Роси кој би бил партнер со Џаби Алонсо на средината на теренот, а 27-годишниот Италијанец добро го познава од деновите кога го предводеше Интер.
Проблем за Реал би можел да претставува фактот што Рома неодамна доби нов сосптвеник Томас ДиБенедето кој најави создавање голем тим, а продажбата на најдобриот играч сосема не се вклопува во таа приказна.
Извор: Нетпрес