Кристијано Роналдо во саботата стана новиот најдобар стрелев во историјата на шпанското фудбалско првенство по бројот на постигнати погодоци во една сезона.
Роналдо синоќа постигна два гола во победата на Реал над Алмерија со резултат од 8:1 и така стигна до бројката од 40 погодоци во шпанската лига.
”Морам да им се заблагодарам на соиграчите. Наградата за најдобар стрелец во Примера е за сите нас. Ми помогнаа да стигнам до бројката од 40 погодоци. Среќно сме, бидејќи одигравме одличен меч. Стигнавме до цифрата од 102 гола во сезона, што не е лесно, Сезоната не беше таква каква што се надевавме, но тренерот сакаше да ја завршиме на најдобар можен начин со многу погодоци, се со цел следната да ја започнеме многу поамбициозно.” – рекол Роналдо.
Најскапиот фудбалер на светот ги надмина досегашните постигнувања на Санчез и Заре по бројот на погодоци на Пиринеите. Двајцата легендарни фудбалери постигнаа по 38 погодоци.
Португалецот беше стрелец на 53 гола на 54 меча во сите натпреварувања оваа сезона.