Саудиска Арабија единствена земја во која жени не смеат да возат

22 мај, 20110
woman_driver
Верската полиција на Саудиска Арабија ја уапсила Манал ал- Шериф, која покренала капања против забраната за возење за жени, на тој начин што на “Фејсбук“ и на “Јутуб“ објавила видео снимки како вози автомобил, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Манал заедно со група жени отворила страница на “Фејсбук“ под името “Научи ме да возам за да може да се заштитам“ , во која ги повикале саудиските власти да ја укинат забраната.
Активистот за заштита на човековите права Ваид Абу Кер изјавил дека Манал ја уапсила верската полиција за должена за надгледување на строгите исламски закони.
Саудиска Арабија е единствената земја на светот која им забранува на жените, како на Арапките така и на жените странци, да возат.
Приврзаниците на кампањата за укинување на забраната повикале на масовно групно возење на 17- ти јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi