Роналдо и пресуди на Барселона, Реал го освои кралскиот Куп

21 април, 20110
0

Фудбалерите на Реал го освоија кралскиот Куп, откако во финалето во Валенсија ја совладаа Барселона со 1:0. Единствениот гол го постигна Кристијано Роналдо во 103. минута.

Во возбудлив меч на “Местаља” на секој од финалистите му припадна по едно полувреме. Во првото апсолутно доминираше Реал, чии играчи имаа неколку одлични шанси за гол, но ниту една од категоријата 100 отстотна.

Во финишот од полувремето, Пепе по центаршутот на Роналдо ја погоди стативата. Најдобриот играч на Реал не се наигма премногу фудбал во регуларниот дел од мечот, но проработи кога беше најпотребно.

Неговиот најголем ривал од таборот на Барселона, Лео Меси потполно се подреди на тимот така да неговите индивидуални квалитети до израз доаѓаа само во налетите.

По првото полувреме кое мина во игра на ивица на инциденти и конфликти, следеше второто, помирно но и не подобро полувреме за Реал.

Барселона се разигра, создаваше шанси, но недостасуваше завршница. До неа дојдоа во 69. минута кога Педро постигна гол од офсајд.

Виља, Меси и Педро одлично шутираа во финишот од мечот, но мрежите мируваа и следеа продолженија.

И тука на почетокот Барса имаше повеќе од играта, но Реал по одличната акција на триото Марсело-Ди Марија-Роналдо дојде до погодок.

Роналдо одлично скокна во казнениот простор на Барса и со глава го совлада Пинто, по што се виде дека Каталонците тешко ќе дојдат до израмнување.

По последниот судиски свиреж, играчите на Реал се радуваа како да ги освоија сите трофеи заедно, а тренерот Жозе Мурињо заврши на рацете на играчите.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=sY9-IWFH0S4

 

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi