Роналдо непосакуван во соблекувалната на Реал

23 март, 20110
3

Очигледно во соблекувалната на Реал Мадрид почнало да ‘врие’. Од страна на останатите фудбалери се подготвувало бунт против Кристијано Роналдо, тврдат шпанските медиуми. Играчите се незадоволни од однесувањето на ѕвездата на тимот Роналдо кој има специјален третман кај тренерот Мурињо. Големо нетрпение имало по средбите кои Реал ги одигра со Олимпик Лион и Атлетико Мадрид на кој Роналдо настапи повреден односно доби шанса да игра но играл како со една нога сметаат останатите фудбалер на екипата. Поголемиот дел од фудбалерите на Реал Мадрид се соменваат во професионалниот однос на Кристијано Роналдо кој е подготвен да игра по секоја цена без разлика колку е подготвен. Уште поголем проблем во соблекувалната на Реал може да биде групирањето на Роналдо со Пепе и Марсело и неговиот однос кон останатите играчи како во соблекувалната така и на теренот. Дел од играчите на Реал сметале дека Роналдо треба многу повеќе да мисли на екипата отколку за себе. Очигледно Португалецот повеќе размислува како да постигне гол повеќе од Меси отколку за тоа дали неговата екипа ќе победи е констатацијата на шпанските медиуми во врска со оваа најава на фудбалерите на Реал Мадрид кои влегуваат во конфликт со Роналдо.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi