Рован Аткинсон во болница по тешка сообраќајна несреќа!

5 август, 20110
r-atkinson

Актерот, кој е познат по својата улога Мистер Бин, се опоравува во болница, откако доживеал сообраќајна несреќа во која бил повреден, пренесоа денеска медиумите.

Аткинсон, најверојатно ќе биде пуштен од болница денес, а бил задржан поради потешка повреда на рамената.

Овој 56 годишен комичарсе здобил со повредите откако удрил во дрво и бандера на патот, што предизвикало пожар во автомобилиот, соопштиле градските власти. Несреќата се случила на 137 километри од Лондон, во малиот град Хадон.

Пожарникарната екипа изјавила дека не бил во голема опасност, но сепак бил префрлен во болница.

Аткинсон го возел својот автомобил Мекларен Ф1 суперавтомобил, еден од најбрзите автомобили во светот, пишуваат британските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi